top of page

(Видео) Дамите од „Сексот и градот“ се враќаат со нова сезона

„И едноставно така“ (And Just Like That), новото поглавје на „Сексот и градот“, е подготвено за втора сезона, соопшти „ХБО макс“ во вторникот. „Воодушевен сум што можам да раскажам повеќе приказни за овие ведри, храбри ликови – кои ги глумат неверојатни актерки. Факт е дека сите сме воодушевени“, изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг. Серијата, која заврши во февруари, донесе висока гледаност на „ХБО макс“, а фановите беа задоволни со рестартирањето на „Сексот и градот“. Сепак, критиките беа различни. Новото поглавје не им се допадна на повеќето професионални критичари, но и на некои фанови на оригиналот. А во одбрана на новото поглавје, директорката на оригинални содржини на Ејч-би-о, Сара Обри, изјави: „Воодушевени сме од приказната генерирана од овие ликови и нивните стории, сместени во свет што веќе го знаеме и сакаме. Горди сме на работата што Мајкл Патрик Кинг и нашите одлични писатели, продуценти, актери и екипа ја направија за да ги донесат овие приказни на екранот. Едвај чекаме фановите да видат што се подготвува за втората сезонa.“




 
 
 

Comentarios


bottom of page