top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) „Време е да се симнат маските“: Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција


15.02.2024 Februari Cetvrtok

Сите што се чуствуваат осамено и изморено, без сомнеж, ќе се пронајдат во најновата песна на музичката ѕвезда Влатко Лозаноск -Лозано.

Неговата нова песна носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде што три дена траеше снимањето.

Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески.

За овој видеоспот беше изработен специјален костум, а го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.




13 views

Comments


bottom of page