ВИДЕО | „Врати ми ги парите!“: По катастрофалниот концерт, обожавателите го „уништија“ Енрике Иглеси
На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од Енрике Иглесијас (48) во текот на неговите настапи со Питбул и Рики Мартин како дел од „Трилогија турнеја“ низ САД и Канада.
Обожавателите се крајно незадоволни од неговата изведба, оставаат бројни негативни коментари под видеата.
Обожавателите на Енрике Иглесијас изразуваат длабоко разочарување од перформансот на Енрике, честопати барајќи враќање на парите. Некои од нив дури споделија видеа во кои го споредуваат Иглесијас со ликови како Елмо од улицата Сезам или Мики Маус. Критиките најмногу се фокусираат на „забележителен недостаток на труд“ од негова страна во текот на изведбата.
Во едно од видеата, обожавателите внимателно ги споредиле најновите настапи на Енрике со снимките од неговите постари концерти.Забележувајќи сличности во стилот на пеење, тие коментираат дека се чини дека Иглесијас ништо не сменил со текот на годините. Интересно е тоа што многу негови обожаватели признаваат дека, иако ги гледале неговите претходни настапи, тогаш всушност, не ги забележале истите недостатоци што ги истакнуваат сега.
Поради оваа ситуација се наметнува прашањето дали Енрике Иглесијас можеби западнал во рутина или едноставно не успеал да го одржи високиот стандард што се очекува од него за време на „Трилогија турнеја“.Без разлика на различните реакции на социјалните мрежи, јасно е дека настапот на шпанскиот пејач стана предмет на широка дискусија меѓу обожавателите, што може да има влијание врз неговата репутација во забавната индустрија.
„Си ги сакам парите назад“, „Луѓе, заштедете си ги парите. Не одете на неговиот концерт“, „Енрике Иглесијас дојде да добие концерт од нас“, се само дел од коментарите за настапот на популарниот пејач.
Comments