top of page

Видео Водопадите на Нијагара во црвено и жолто во знак на почит за жртвите од Кочани од пожарот кој настана во дискотеката Пулс Македонија 16.03.2025 Март Недела каде 60 загинаа а 200 се на лекување

24.03.2025Mart Ponedelnik

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја има фотографијата на денот од 15-минутната обоеност на Нијагарските Водопади во боите на македонското знаме во знак на почит за настраданите во трагедијата во Кочани.

„Синоќа, на 23 март 2025 година, македонската заедница и други се собраа кај статуата на Никола Тесла на Нијагарините Водопади за да се солидаризираат со Македонија и да им оддадат почит на жртвите од Кочани. Петнаесет минути водопадите беа осветлени во боите на македонското знаме, моќен симбол на сеќавање и единство.

Оддадовме почит на оние кои ги загубија своите животи, истовремено испративме мисли за брзо закрепнување на повредените и сите погодени од овој катастрофален настан.

Заедно се сеќаваме, лекуваме и стоиме силни“, порачуваат од најголемата организација на македонски иселеници во светот, со седиште во Вашингтон, која годинава одбележува 20 години од основањето.



 
 
 

Comments


bottom of page