(Видео) Водителка мислела дека снима ТВ-прилог, но засекогаш ќе памети што се случи
Американска водителка несвесно ја најави сопствената свршувачка додека мислела дека се снима обичен ТВ-прилог. Корнелија Николсон од Тенеси требало да чита текст за викенд-емисија на „Локал 3 њуз“ кога сфаќа дека всушност го најавува своето момче Рајли Нејџел, репортер на истата телевизија, кој се појавил во студиото држејќи букет цвеќе и кутија со прстен. Првично, Корнелија требало да најави друга сторија, но брзо се надоврзува на трикот што ѝ го подготвиле колегите. Видно шокирана, таа продолжи: „Следува приказната за двајца млади новинари кои случајно ја пронајдоа љубовта во истата индустрија“. Таа нервозно го претстави своето момче Рајли Нејџл, кој се појави во студиото за да даде „специјален извештај“ додека на екранот зад неа се вртат нивни заеднички фотографии. Рајли, кој исто така е новинар, рече: „Точно е Корнелија, имам многу посебен извештај за луѓето дома кои можеби не знаат.“ „Кога првпат те запознав, целосно ме привлече. Имаш толку неверојатна личност, секогаш си весела и, секогаш ја осветлуваш просторијата кога влегуваш. Успеваш сите да ги насмееш. „Мислам дека би било прикладно да ти го поставам прашањето овде бидејќи се запознавме на вестите,“ рече тој, потоа клекна на едно колено и праша: „Корнелија Николсон, ќе се омажиш ли за мене?“ Корнелија, со насолзени очи, се согласи. „Добро си? целиот се тресам”, ѝ вели Рајли, а таа му одговара: „И јас исто. Те сакам!” Водителката го сподели видеото на социјалните мрежи и им се заблагодари на колегите кои организирале сè со нејзиниот новопечен свршеник.
Comments