ВИДЕО | Вистинско изненадување: Принцот Вилијам готвеше и служеше хамбургери
Принцот Вилијам ги изненади обожавателите на британското кралско семејство со тоа што служеше вегетаријански хамбургери во новото видео на „Sorted Food“.
Во видеото, идниот монарх прави сендвичи со плескавици со зачинет компир, ароматизиран со лук, ѓумбир и чили. Овие состојки се наградени со „The Earthshot Prize“, награда од еколошка иницијатива која ја започна принцот Вилијам во 2020 година.
Додека купувачите ги чекаат своите хамбургери, во еден момент принцот се врти и им вели: „Доаѓа веднаш“, мислејќи на нарачката.
Тие останаа целосно шокирани од фактот дека идниот крал на Обединетото кралство ги послужил со хамбургери. Потоа принцот Вилијам го продолжи разговорот со нив и подетално им објасни на кој начин биле направени хамбургерите тој ден.
„Дојдете и земете ги своите хамбургери“, рече принцот, делејќи ги хамбургерите, сервирани во кутии направени од морски алги, наместо од пластика.
Comments