(Видео) Британците гласаа: Ова е најдобар божиќен филм на сите времиња
„Сам дома“ е избран за најдобар филм на сите времиња во Велика Британија. Добивај вести на вибер Синџирот кина „Шоукејс синемас“ (Showcase Cinemas) спроведе анкета за да дознае од граѓаните на Велика Британија кој е нивниот омилен божиќен филм. Филмот Home Alone („Сам дома“) од 1990 година доби 19 отсто од гласовите во анкетата спроведена пред празничната сезона. Дејството во филмот им е познато на многумина. Осумгодишниот Кевин Мекалистер останува сам дома откако неговото семејство заминува на патување без него. Во неговиот дом се обидуваат да влезат двајца крадци, за кои Кевин има подготвено многу стапици за да не успеат во нивните намери. На второ место се наоѓа филмот Elf („Џуџе“) од 2003 година со 14 отсто гласови и на трето место Love Actually („Всушност, љубов“) со 13 отсто гласови. Освен за филмови, тие гласаа и за своите омилени ликови во божиќните филмови. Омилени божиќни ликови во филмовите – Британците ја изгласаа изведбата на Вил Ферел во Elf за најдобра, а секој петти граѓанин го избра токму овој лик за најдобар. Во филмот Ферел го глуми Бади, кој бил воспитан и одгледан како џуџе иако всушност е човек. Тој го напушта Северниот Пол и патува во Њујорк за да го запознае својот биолошки татко, кој не знае дека Бади е негов син и на кој очајно му е потребен божиќен дух. На второ место е изведбата на младиот Маколеј Калкин како Кевин Мекалистер со 17 отсто од гласовите.
Comments