top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Бред Пит го брани изборот на Ана де Армас како Мерлин Монро во „Русокоса“


Бред Пит ја пофали изведбата на Ана де Армас како Мерлин Монро во „Русокоса“ (Blonde), претстојниот филм на кој тој e копродуцент.

Кубанско-шпанската актерка Ана наиде на реакција од фановите на Мерилин по објавувањето на трејлерот за филмот, при што некои приврзаници тврдат дека акцентот на Ана не го доловува тонот на холивудската икона, пишува „Вараети“.

Ана, наводно, поминала девет месеци работејќи на уникатните модели на говор на Мерилин.

Како копродуцент на филмот, снимен од неговата продукциска куќа „Плен-би ентертејмент“, Бред го кажа своето мислење за изведбата на Ана во интервју за „Ентертејнмент тунајт“: „Таа е феноменална!“

Опишувајќи ја улогата како многу тешка и специфична, Бред додаде дека биле потребни 10 години за да се направи филмот.

„Дури кога ја најдовме Ана, можевме да ја поминеме стартната линија“, рече тој.

Филмот, заснован на истоимениот роман на Џојс Керол Оутс, е драматично преиспитување на животот на холивудската легенда од нејзиното детство како Норма Џин до нејзиниот подем до слава.

Премиерно ќе почне да се емитува на 2Нетфликс“ од 28 септември.




1 view

Comments


bottom of page