ВИДЕО: БиХ доби пенали вредни СП 2026, национална трагедија за Италија!
- Aleksandar Santovski
- 3 days ago
- 2 min read
31.03.2026 Mart Vtornik
Босна и Херцеговина и Италија одиграа историски меч во Зеница за место на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, во кој победија Босанците и ќе играат вторпат во историјата на Мундијалите! По регуларниот дел кој заврши 1-1, а потоа исто беше и во продолженијата, победникот го дадоа пеналите кои завршија со резултат 4-1. Италија доживеа национална катастрофа и трет пат по ред нема да игра на Светските првенства. По Шведска и Македонија, кобна за нив беше и оваа балканска селекција.
Извештај од натпреварот:
Уште од стартот на натпреварот Италијанците се наметнаа и притискаа. Притисокот вроди со плод, бидејќи во 15. минута Моисе Кин го отвори резултатот (0-1). Голот падна по голема грешка на голманот Никола Васиљ, кој буквално додаде во нога на противник, па Кин реализира лесно од зицер позиција. По примениот гол Босанците имаа две шанси преку Башиќ и Демировиќ, меѓутоа безуспешно. Голем пресврт се случи во 41. минута, бидејќи Алесандро Бастони направи огромна глупост, фаулира противник како последен играч во дефанзивата. Судијата Клемен Турпан без размислување му покажа директен црвен картон.
Очекувано, по паузата за полувремето поактивна екипа на теренот беше домашната. Првиот удар кон голот на Донарума дојде преку Керим Алајбеговиќ откосо, но италијанскиот голман одбрани. Колосална шанса за Италија имаше Моизе Кин кој во контра излета сам пред домашниот гол, ама шутираше над пречката. Успеаја „аѕурите“ да го умртват темпото, ама Босанците имаа теренска иницијатива и јалово притискаа. Добра можност имаше и Себастијано Еспозито, меѓутоа и неговиот удар не го загрози голманот Васиљ. Босански херој стана Харис Табаковиќ кој одлично се снајде по една мешаница по нафрлувањето од Дедиќ и го матира Донарума за 1-1 во 79. минута. На голот му претходеше ситуација која ги налути Италијанците, бидејќи се судрија Џеко и Манчини, а судијата Турпан остана нем. Одлуката беше потврдена и од ВАР собата, па тоа предизвика делириум во Зеница. Во завршницата Италија тргна напред и со човек помалку, меѓутоа најголемата шанса до крајот на регуларното се истакна Донарума со атрактивна парада.
Следеа две продолженија по 15 минути, во кои Босна и Херцеговина тргна поактивно. Домашните во една акција кога играч падна во казнениот простор по дуел со ривал бараа и пенал, ама не го добија. За малку домаќините не влегоа и во голем проблем откако Мухаремовиќ фаулира противник кој излезе пред голот, а Турпан му даде жолт картон, иако се гледаше и можен црвен картон. Италијаните беа револтирани на одлуката, меѓутоа мечот продолжи. До финишот на регуларниот дел немаше голови, победникот го дадоа пеналите.
Од белата точка тргна БиХ, која го немаше Един Џеко во серијата заради повреда. Прв шутна Тахировиќ и погоди, а потоа Еспозито го префрли целиот гол. Табаковиќ и Тонали погодија во втората серија, во третата серија за Италија пречката ја погоди Кристанте, а Бајрактаревиќ го потврди Мундијалот за Босанците.






Comments