top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Бендот што ги одбележа 80-тите повторно се собира за настан

Членовите на култниот рок-бенд „Токинг хедс“ повторно ќе се соберат по повеќе од 20 години, поточно две децении по примањето во Куќата на славните во рокенролот (2002). Дејвид Брн, Тина Вејмут, Крис Франц и Џери Харисон ќе се соберат на настан во живо за да ја прослават 40-годишнината од својот документарен филм Stop Making Sense („Престани да мудруваш“). Настанот Q&A („Прашања и одговори“) ќе се одржи на 11 септември во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ќе биде прикажан документарецот што го прикажува бендот за време на концерт. Настанот ќе се пренесува и во одбрани IMAX-кина во светот, а по неговата премиера на фестивалот, реставрираниот филм ќе биде прикажан и во другите кина во светот на 22 септември. Заедно со филмот сите фанови ќе може да купат ново делукс-издание на музиката од филмот, кое вклучува комплетна сет листа на филмот, како и две необјавени песни. Исто така, ќе содржи белешки од сите членови на бендот. „Токинг хедс“ се распадна во 1991 година и оттогаш членовите имаат комплицирани меѓусебни односи. Тие се појавија заедно кога беа примени во Куќата на славните во 2002 година, но Дејвид Брн – фронтменот и автор на речиси сите песни на бендот – секогаш се противеше на идејата за повторно обединување. Тој смета дека тоа би било „голем број чекори назад“. „Мислам дека накусо можам да кажам дека се собравме повеќе како пријатели отколку како музичари. Тоа, всушност, беше заеднички музички вкус. А потоа постепено, како што стареете, растете и истражувате, вашиот вкус за музика почнува да се менува. По некое време, тоа што го правевме сè повеќе беше работа, а помалку дружење. Не се дружевме, па на крајот, едноставно, се оддалечивме“, изјави тој за Wired минатата година.




1 view

Comments


bottom of page