top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО | Бајага: Драго ми е што на 9 декември ќе свириме пред публиката во Скопје

„Бајага и инструктори“ доаѓаат во салата Јане Сандански во рамките на проектот ,,30 години Авалон Продукција“.По повод двата големи јубилеи, едниот на „Авалон“, 30 години успешна работа и следната година 40 години музичка кариера на „Бајага и инструктори“, организаторот го најави концертот на „Бајага и инструктори“ на 9 декември во СЦ „Јане Сандански“.

На прес конференцијата по повод концертот се обратија сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески и Момчило Бајагиќ – Бајага.– Ми беше нелогично без Бајага и Инструктори да се одбележат овие 30 години на Авалон. Практично концертот на Бајага во Јане Сандански е како створен за тоа. Оваа работа е невозможно да се работи без емоции… јас сум и еден од оние 150 до 200 луѓе кои го гледаа првиот концерт на Бајага во МКЦ во Скопје – изјави на прес-конференцијата првиот човек на Авалон, Бобан Милошески.– Драго ми е што на 9 декември ќе свириме во оваа сала, во која јас никогаш пред тоа не сум свирел, иако генерално сум свирел во сите простори во кои се свири во Скопје. Следната година славиме 40 години постоење на бендот „Бајага и инструктори“ и се подготвувавме за концертот во Скопје – изјави Бајага.Дел од прес конференцијата можете да погледнете во видеото:











0 views

Comments


bottom of page