top of page
Search

(Видео) Ајфеловата кула не гори, тоа е само уште една шега на социјалните мрежи



- 23 јануари, 2024

Серија фотографии и снимки на кои се гледа Ајфеловата кула во пламен и чад се проширија низ различни социјални мрежи во изминатите неколку дена. Но, набрзо се установило дека се работи за лажни фотографии и снимки и дека пожарот не влијаел на туристичката атракција

На официјалната веб-страница на Ајфеловата кула не се објавени извештаи за пожарот, а билетите за искачување се уште се достапни за купување. Фотографиите споделени на официјалните канали на социјалните мрежи покажуваат дека кулата е покриена со снег

Новинарите на Ројтерс потврдија дека пред неколку дена отишле да ги проверат вестите на веб-страницата на париската полиција и објавите на Фејсбук профилот на градоначалничката Ан Идалго, но не нашле потврда дека пожарот избувнал

Контактирале и со портпаролот на знаменитоста, кој не одговорил веднаш. Набрзо дознале дека фотографиите и видеата кои кружат на интернет се лажни. „Немаше таков пожар и фотографијата која кружи на интернет е лажна“, објавија пред пет дена.

Сепак, ова не ги спречи фотографиите и видеата да продолжат да се шират на социјалните мрежи. Претпоставката е дека тие се создадени со помош на вештачка интелигенција. Една од фотографиите споделена на Тикток собра 9,6 милиони лајкови, 121.000 коментари и беше споделена 118.000 пати.


5 views

Comments


bottom of page