top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ВИДЕО | Анџелина Манго победи на Санремо: Прва жена по 10 години и ќе ја претставува Италија на Евровизија

12.02.2024 Februari Ponedelnik

Фестивалот „Санремо 2024“ официјално заврши по пет вечери на шоуа. Седумдесет и четвртото издание на Санремо беше навистина за паметење со толку многу таленти прикажани во текот на сите пет вечери, а Италија има жена победник по 10 години – Анџелина Манго, која победи на натпреварот со песната „La noia“.На почетокот на вечерта, беше претставено рангирањето на сите 30 изведувачи врз основа на сите гласови собрани во првите четири вечери. Потоа, сите 30 учесници за последен пат излегоа на сцената и ги изведоа своите песни. Откако сите ги изведоа своите песни, гласовите беа преброени и додадени на постојното рангирање, за да се финализира.

Анџелина ги маѓепса публиката и жирито и победи, а во текот на настапот ѝ се случи интересен пех. Имено, таа падна на бината, но многу брзо стана.

Анџелина денеска напладне одлучи дали ќе ја искористи можноста да ја претставува Италија на Евровизија. Иако секој учесник писмено се изјаснува за своето евентуално учество на Евровизија во неделите пред фестивалот, тоа официјално беше откриено и објавено на прес-конференција, која се одржа денеска напладне.Анџелина, родена во 2001 година, е италијанска пејачка и текстописец со потекло од Маратеа. Пораснала опкружена со музика бидејќи нејзините родители се музичари, што ја поттикнало страста кон неа. Растејќи научила да свири гитара, пијано и секако да пее. Откако се преселила во Милано по смртта на нејзиниот татко, таа одлучила да ги продолжи претходните студии, како и да формира бенд со нејзиниот брат каде што пеела додека тој бил тапанар.

Што се однесува до нејзината кариера, Манго е активна во музичката индустрија од 2020 година кога го објави својот прв сингл „Va tutto bene“ и набргу по нејзиното прво ЕП „Monolocale“. Во 2021 година, нејзината музичка кариера почнала да се забрзува. Таа дури настапила во текот на музичката недела во Милано во ноември 2021 година. Потоа, таа настапила на Санремо со песната „La tua buona colazione“, но не била избрана за еден од финалистите.

Анџелина веќе има четири платинести и две златни плочи зад себе, распродадена турнеја и бројни музички натпревари на кои славела.

Овогодинешниот конкурс собра 30 уметници кои во текот на пет вечери во познатиот театар „Аристон“ се обидоа да ја придобијат наклонетоста на публиката, радиото и новинарското жири.





0 views

Comments


bottom of page