(Видео) Албумот „Најголеми хитови на Квин“ постави нов рекорд на продажба во Велика Британија
Британските рок-ветерани „Квин“ влегоа во историјата на музиката во Обединетото Кралство со тоа што нивниот албум „Најголеми хитови на Квин“, со оригинален наслов Queen Greatest Hits, стана прв аудиозапис продаден во седум милиони примероци, соопшти „Офишл чартс компани“. Компилацијата на класици е прв поединечен албум продаден во над седум милиони примероци, соборувајќи го рекордот на британската топ-листа. Оваа компилација на најголемите хитови на бендот, снимена во 1981 година, сега е во сопственост на едно од четири домаќинства во Обединетото Кралство, соопшти компанијата што ги составува официјалните табели. Албумот, кој содржи класици како We Will Rock You, Don’t Stop Me Now и Bohemian Rhapsody, со години е вечен бестселер. Неодамна ја помина својата 1000-та недела на топ-листата на албуми во Велика Британија. Гитаристот на Квин, Брајан Меј, најновото достигнување го нарече „радосна вест“. „Ниту еден албум досега го нема направено ова во историјата“, наведе тој во изјавата за медиуми. „Ви благодариме, го цениме тоа“.
Comments