top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) Актерката Глен Клоуз го спомна „Пред дождот“ на Манчевски пред Оскарите, би сакала да ја посети Македонија поради овој филм


12.03.2024 Mart Vtornik

Актерката Глен Клоуз би ја посетила Македонија поради филмот „Пред дождот“ на режисерот, Милчо Манчевски.

Во промотивно видео по повод доделувањето на највисоките филмски признанија, Клоуз беше прашана кој филм ја инспирира да посака да посети некоја земја.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале таму. Никогаш нема да го заборавам“, рече Клоуз.

Филмот на Манчевски во 1994 година беше номиниран за Оскар. Своевремено ја доби и престижната награда Златен лав за најдобар филм на фестивалот во Венеција.









„Јасно е дека Македонија е многу стара земја и дека многу работи се имаат случено таму“ – вели холивудската актерка Глен Клоуз во видео пред Оскарите, на тема „филмови што ја поттикнале да размислува за патување“.Во пресрет на доделувањето на Оскарите, на Јутјуб беше објавено кратко видео во кое повеќе филмски продуценти и актери зборуваа за тоа кој филм ги инспирирал за патување.Во изјавите на сценаристите се најдоа некои егзотични острови, Куба, пустината Сахара, Австралија... Според нив, филмовите снимени на некои од овие локации веднаш ги натерале да посакаат да одат таму и да го живеат тој миг.

Но, изјавата на холивудската ветеранка Глен Клоуз која го спомна филмот „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски изненади многумина.

„Има филм што е насловен ‘Пред дождот’ и е снимен во Македонија и јасно е дека тоа е многу стара земја и дека многу работи се имаат случено таму и некако, тој филм не ми излегува од мислите“ – рече холивудската ветеранка.За потсетување, филмот „Пред дождот“ беше објавен во 1994-та година, а на 67-мото издание на Оскарите во 1995-та година беше номиниран во категоријата Најдобар филм од странско говорно подрачје, и ова беше прва номинација на македонски филм на престижните награди.

New York Times уште во 1995 година го вброи „Пред дождот“ меѓу 1.000 најдобри филмови на сите времиња.

Овој филм ја доби и наградата на Филмскиот фестивал во Венеција.

Денес, пак постојат голем број меѓународни трудови и конференции за филмот, а за „Пред дождот“ се предава и на над сто универзитети.

Роџер Иберт, пак, напиша дека „филмот и Манчевски го ставија името Македонија на светската мапа“. 

Погледнете го видеото (изјавата на Глен Клоуз е на 1:51):Редакцијата на CRNOBELO.com го контактираше нашиот истакнат режисер, а за тоа дали ја запознал актерката и што мисли за изјавата на Глен Клоуз, Манчевски ни кажа:

„Лично не сум ја сретнал. Ете, сега на сите им е јасно зошто сум на црна листа и денес не можам да снимам во Македонија. За среќа на Македонија, памти Глен Клоуз“.



10 views

Comments


bottom of page