top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) We Don’t Talk About Bruno ја симна од тронот Адел на врвот на Билборд 200

Дизни има склоност кон анимирани филмови кои силно одекнуваат во масите. Со „Енканто“ тоа е евидентно. Саундтракот на магичниот анимиран мјузикл за едно необично семејство се искачи на првото место на американската табела Билборд 200. Табелата ги рангира најпопуларните албуми за оваа недела во САД. Ова е првиот саундтрак што го достигнал првото место во повеќе од две години, а последниот саундтрак што го постигна истиот подвиг беше Frozen 2, исто така анимиран филм на „Дизни“. Саундтракот на „Енканто“, напишан и компониран од Лин Мануел Миранда и Жермејн Франко, го симна од тронот новиот албум „30“ на британската поп дива Адел, кој беше број 1 шест недели. Голем дел од успехот на саундтракот се должи на популарноста на поединечните песни We Don’t Talk About Bruno и Surface Pressure, и двете рангирани на Billboard Hot 100 листата. „Енканто“ е анимирана приказна за необично семејство кое живее сокриено во волшебна куќа во планините на Колумбија, во преубавото место Енканто. Магијата на Енканто го благословила секое дете во семејството со уникатна дарба, од суперсила до моќ на исцелување. Сите деца, освен едно: Мирабел. За музиката, која ја слави различноста на Колумбија, е заслужен Лин Мануел Мииранда, а ја изведува Карлос Вивес, кој седумнаесет пати бил номиниран за латино „Греми“.



1 view

Comments


bottom of page