Search
(Видео) Maж ги гаѓаше со јајца кралот Чарлс и кралицата
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2022
- 1 min read
Британската полиција уапси маж кој ги гаѓал со јајца кралот Чарлс III и кралицата.
Инцидентот се случил за време на прошетка во Јорк. Како што се наведува, најмалку едно јајце, паднало на патот кај кралот Чарлс.
„Скај њуз“ објави дека јајцата не ги погодиле кралот и кралицата.
Полицијата веднаш притрчала на местото на настанот и го совладале напаѓачот. Се слушна како демонстрантот извикува „оваа земја е изградена врз крвта на робовите“ додека полицијата го апси.
Разгневената толпа по инцидентот извикувала „срам да ти е“ и „Боже чувај го кралот“.
Кралот бил во градот со својата сопруга за да ја открие статуата на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора.

Comments