top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(Видео) 82-годишна жена ќе патува во вселената со Џеф Безос

02.07.2021 Juli Petok

Осумдесет и двегодишната Воли Фанк на 20 јули ќе лета во вселената со компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос со што ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата. Таа ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам, заедно со милијардерот, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено. Воли Фанк во 60-ите години била учесник во приватна програма позната како „Меркур 13“ во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата „Меркур“ на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената. „Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било“, вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Безос.



1 view

Comments


bottom of page