top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вечери на шведски играни филмови во Кинотеката

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотеката на Македонија за почетокот на јули подготвија интересна програма на шведски играни филмови.

На репертоарот ќе бидат „Триаголник на среќата“ од Роберт Ослунд на 6 јули, „Хилма“ на Ласе Халстром на 7 јули, „Совршен пациент“ на Микаел Хофстром на 8 јули, „Мојот живот како комичар“ на Ројда Секерсож на 10 јули, потоа „438 дена“ на Јеспер Гансланд на 11 јули и „Клара Сола“ на Натали Алварез Месен на 12 јули. Проекциите почнуваат од 20 часот.

Почнувајќи со еден неинхибиран сатиричен приказ на социјалните сталежи и мрачната економска вредност на убавината, преку потрагата по универзалните вистини, но и оние за самите себеси, до соочувања со суровите реалности на светот и разобличување на скандалите во политиката и правосудството, секој од филмовите на репертоарот на Неделата на шведски играни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие.


0 views

Comments


bottom of page