top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вечерва ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот на платото пред хотелот „Палас“ ќе бидат претставени учесниците на 36. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота.

Покрај претставувањето, ќе бидат доделени и три награди, наградата за посебни заслуги „Климе Савин“ и уште две за поддршка на маратонското пливање.

Пливачкиот маратон ќе се одржи на патека на Охридското Езеро со старт од месноста Св.Наум, а цел на Градското пристаниште во Охрид, во должина од 25 км.

Охридскиот пливачки маратон е во техничка организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“, а покровител и поддржувач на настанот е Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Националната пливачка федерација.

Годинава Охридскиот пливачки маратон е централен настан на првото издание на фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.

Па, согласно фестивалската програма, покрак претставување на пливачите, од 19:00 часот на истата локација ќе се одржат и две изложби – Историја на победниците на маратонското пливање и почетоците на веслањето во Охрид. (Крај)



0 views

Comments


bottom of page