Вечерва нема спиење: Македонија излезе на улица да ги слави фудбалските херои (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 25, 2022
24.03.2022 Mart Cetvrtok
Огромниот успех на македонските фудбалски херои со вечерашната победа на гостински терен против европскиот шампион Италија (1-0) донесе огромна еуфорија насекаде низ државата.
Голот на Александар Трајковски означи старт на пиротехничко шоу насекаде низ државата, а последниот свиреж на судијата значеше знак за облекување на чевлите и излегување на улица, за заедничка прослава со сограѓаните. Највесело и најмасовно, секако, е во Скопје, каде што веќе колони возила се упатуваат кон центарот на градот, каде што со звуците на сирените и со навивачка песна се слават јунаците предводени од селекторот Боби Милевски. Ова ќе биде долга ноќ за сите спортски вљубениците во државата, бидејќи за очекување е дека ќе се пее и скандира до раните утрински часови.
А, на крајот, последниот поздрав на сите ќе им биде: „Вака да се видиме и во вторник, по дуелот со Португалија во Порто, клучен за пласман на СП 2022 во Катар“.

Comments