top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вечерва, на Скопско лето концерт на групата „Парусион“

30.07.2024 Juli Vtornik

Во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, вечерва, 30.7.2024 (вторник), со почеток во 20.30 часот, во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“.

Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано, Дионис Стратров – бас-гитара.

„Парусион груп ансамбл“ е оформен 2003 година во Скопје. Предводен е од Михаил (Мишко) Парушев – композитор и свири на ударни инструменти. Роден е во Скопје 1976 година во семејство на музичари. Веќе на четиригодишна возраст покажува интерес за ударни инструменти. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Михаил Парушев дипломирал на ФМУ – Скопје. Член е на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок-фестивал. Почнувајќи од 1989 година, па сѐ досега, тој настапува во целиот свет со врвни музичари.

Парушев е автор на солистичкиот албум „Агол“, издаден 2022 година. По 20 години концертна соработка со музичарите од ансамблот, создаваат композиции во ставови, од акустична доелектрична продукција, полиритмија и модерна музика. Во соработка со Зоран Костадиновски експериментираат со звук на сцената. Парушев е во подготовка на нов авторски материјал и обработки на традиционални македонски песни.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.


0 views

Comments


bottom of page