top of page

Вечерва започнува Егзит: Организаторите најавија отворање од вселената

Портите на фестивалот Егзит ќе бидат отворени денеска во 19 часот, а организаторите очекуваат за четири дена низ нив да поминат повеќе од 200.000 луѓе.Како што најавија, во соработка со Комитетот за развој на вселенската програма, Егзит оваа година ќе биде „уникатен историски настан, како прв фестивал во светот, кој ќе биде отворен од вселената“.

Почетокот на фестивалот ќе биде означен со дури три свечени церемонии – првата ќе започне со древната какао церемонија, проследена со настап на бендот „Сарасвати Друна“ од 19:30 часот на сцената Пачамама, а ќе продолжи со магична изведба на звучниот алхемичар и визионер Вилејн Маркус во 21 часот на Денс Арената. Филантропот, мотивациски говорник и основач на глобалниот бренд Онит, Обри Маркус ќе ја најви најголемата од трите церемонии од 22:30 часот на главната сцена со„Горки лист“, а сето тоа ќе биде крунисано со првото отварање на фестивалот од вселената и испраќање моќна порака до светот!На веб-страницата на фестивалот стои дека четиридневните билети се распродадени, и дека треба да се заменат со фестивалски нараквици. Фестивалската нараквица се носи на левата рака, важи за еден посетител и дозволува едно влегување секој фестивалски ден од 19:00 до 03:00 часот по полноќ. За време на фестивалот не е дозволено да се вади фестивалската нараквица.

Еднодневните билети сѐ уште се во продажба, додека соодветен контингент е оставен пред портите на фестивалот за посетителите надвор од Нови Сад.

Од 6 до 9 јули, портите на Егзит ќе бидат отворени секој ден во 19 часот, по што нема да може да се влезе на фестивалот, а ќе се затвораат во 3 часот по полноќ.



 
 
 

Comments


bottom of page