Вечерва во Драчево концерт на Каролина Гочева и настапи на Кузмановски, Спасовска, Здравковски и Скендеровски
- Aleksandar Santovski
- 19 hours ago
- 1 min read
27.06.2025 Juni Petok
Вечерва (петок, 27 јуни), центарот на забавата се сели во Драчево, на просторот кај Крстот, каде од 20:30 часот започнува уште една незаборавна вечер.По одличниот старт синоќа, Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода продолжува да го збогатува културниот живот со нови музички доживувања.
Вечерва (петок, 27 јуни), центарот на забавата се сели во Драчево, на просторот кај Крстот, каде од 20:30 часот започнува уште една незаборавна вечер.
На сцената први ќе настапат КУД „Китка“ од Драчево, со кореографии низ кои живее македонската фолклорна традиција. Потоа следат настапите на популарните Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски и Огнен Здравковски, додека крајот на вечерта е резервиран за голем концерт на Каролина Гочева, кој започнува во 22:00 часот.
-Под слоганот „Се на свое место“, културното лето на Општина Кисела Вода нуди повеќедневна квлитетна и разновидна програма за сите генерации и вкусови. Влезот е слободен. Ги покануваме сите жители на Скопје на добра забава, велат од општина Кисела Вода.


Comments