Вечер на унгарски танци пред прилепчани
На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва, (4 август) од 20 часот ќе се одржи концерт „Вечер на унгарски танци“, што Центарот го реализира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија. На концертот ќе настапат Оркестарот Јухас и Дунав Танода Народен оркестар и фолклорно друштво – Баја (Унгарија)
Оркестарот Јухас – Суботица (Војводина) е формиран е во 2000 во Суботица. Членовите на оркестарот ги споила радоста на заедничкото музицирање и љубов кон народната музика. Со текот на години станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Дунав Танода народен оркестар и фолклорно друштво, пак, е формирано во 2019 во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци, тие да ги пренесуваат пред голема публика и да ги популаризираат. Денес веќе се грижи за подучување на повеќе од 500 деца и возрасни и со нивните уметнички групи и солисти се појавуваат на на многубројни концерти и постигнуваат врвни резултати.
Comments