top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вечер на ЕУ на “Охридско лето“: Концерт на „Дуо ди Прага“ во Св. Софија

„Дуо ди Прага“ од Чешка во кое свират Леош Чепицки – виолина и Иван Вокач – виолончело, вечерва (26 јули) во „Св. Софија“ во Охрид, ќе одржи концерт во рамките на „Вечер на ЕУ“.

Пред присутната публика тие ќе ги изведат делата на славните композитори Бах, Моцарт, Мартину, Глиер и Пјацола.

Од 2007 Леош Чепицки е професор по виолина на Академијата за изведувачки уметности во Прага, а од 2010 е раководител на гудачкиот оддел.

Иван Вокач е концерт-мајстор по виолончело при Чешката филхармонија од 2017 и негува посебна страст кон џезот.


1 view

Comments


bottom of page