top of page

Вестбрук за катастрофалната сезона на Лејкерс: Не сум јас виновен, никогаш не добив вистинска шанса

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс мораше многу рано да ја заврши оваа сезона во НБА лигата и тоа по регуларниот дел што е далеку од предвидувањата за овој состав пред почетокот на натпреварувачката 2021/2022 дека ќе се бори за титулата.

„Езерџиите“ едноставно се распаднаа, во тоа улога имаа и повредите, но играчите едноставно не се поврзаа, постоеја одредени проблеми за кои јавноста говореше. Еден од играите кој потфрли дефинитивно е Расел Вестбрук кој тековнава сезона ја заврши со просек од 18,5 поени, 7,4 скокови, 7,1 асистенција со 3,8 загубени топки.

Токму Рас прв се отвори и проговори за тоа што се случуваше, па воедно обелодени дека не успеал да се поврзи со тренерот Френк Вогел кој во текот на вчерашниот ден заработи отказ.

-Штета, никогаш досега не сум имал проблем со тренерите. Не знам дали проблемот беше моја вина, не ја знам причината, но никогаш не се поврзавме целосно. Тоа е нешто што тој треба да одговори. Имав чувство дека морам да му ги докажам моите способности и што можам да направам во оваа игра. За жал, тоа не беше во мои раце. Имам чувство дека не добив фер шанса да го направам за тимот она што го правам најдобро.

-Имаше толку многу измислени приказни за конфликтите што ги имав со тренерот Вогел, со моите соиграчи… Новинарите ги слушнаа тие приказни од нивните таканаречени „извори“. Се борев против овие измислици, еден по еден. Едноставно не се вклопивме добро на теренот, изјави Вестбрук кој треба да одлучи дали ќе продолжи да игра за Лејкерс следната сезона.

-Допрва треба да одлучам, јас сум тој што ја носи одлуката. Затоа се нарекува опција за играчот, -дополни Расел.


 
 
 

Comments


bottom of page