top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вест Хем во ист ден договори и втор трансфер вреден 30 милиони фунти

Вест Хем почна да ги троши парите заработени од продажбата на Деклан Рајс, па во ист ден договори две засилувања за новата сезона.

Откако стана јасно дека одбраната ќе биде засилена со поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, во лондонскиот клуб ќе пристигне и Џејмс Ворд-Праус од Саутемптон.

Повремениот англиски репрезентативец прифатил да се пресели во тимот на Дејвид Мојс, а Вест Хем на „светците“ ќе им плати 30 милиони фунти.

Интересно е што и Ворд-Праус беше капитен во редовите на Саутемптон, но главна причина за заминувањето е што неговиот досегашен клуб не успеа да избори опстанок во Премиер лигата.

Претходно, Вест Хем прифати да плати 30 милиони фунти и за Мегваер.


2 views

Comments


bottom of page