ВЕСТ КОЈА ГИ ИЗРАДУВА СИТЕ: ПРИСТИГНУВА НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА “HOME ALONE” (фото)
Продолжението на популарната комедија “Сам дома” пристигнува во ноември. Имено, станува збор за остварување под името “Home Sweet Home Alone” и премиерата ќе ја доживее на 12 ноември.
Веќе е позната и актерската екипа. Имено, главната улога ќе ја игра Арчи Јејтс (12), кој ќе го толкува ликот на Мак Мерсер, детето кое во овој филм ќе биде заборавено од страна на неговото семејство кое ќе биде на одмор во Јапонија.
Малото дете како Кевин Мекалистер, кој во првите два дела го глумеше Меколи Калкин, ќе ја заштитува семејната куќа од крадци.
Во филмот “Home Sweet Home Alone” ќе глумат и Ели Кемпер (44), Кенан Томпсон (43) и Роб Дилејни (44). Комедијата ја режираше Ден Мејзер по сценарио на Мајк Деј и Стритер Сајдел.
Премиерата ќе биде емитувана на 12 ноември на платформата “Дизни плус”. Како што се зборува, во овој филм ќе се појави и Меколи Калкин.
Commentaires