top of page
Search

„Веселинови“ во рамките на манифестацијата Скопско лето

22.07.2024 juli Ponedelnik

Како дополнителна програма во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, утревечер, 23.7.2024 г (вторник), ќе се одигра театарска претстава „Веселинови“ во Сули ан, со почеток во 20.30 часот.

Претставата е комедија во продукција на Драмското студио „Бронзена наметка“ од Штип.

Играат: Оле Поцкова – ВеселаИгор Стојанов-Баркли – Веселко

Интерпретација на песна: Нела Гегова

Претставата е авторски проект на Т. Кацаров.

Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Често тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни, истакнува организаторот.


0 views

コメント


bottom of page