top of page

Верстапен избрка новинар од прес-конференција заради стара кавга

28.03.2026 Mart Sabota

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, предизвика нова контроверзија, откако избрка новинар од прес-конференцијата пред трката за Големата награда на Јапонија.

Возачот на Ред Бул одби да започне со обраќањето пред медиумите додека во просторијата се наоѓал британскиот новинар Џајлс Ричардс од весникот „Гардијан“. Верстапен јасно стави до знаење дека нема намера да зборува во негово присуство, по што побара тој да ја напушти салата.

Кога Ричардс се обидел да добие појаснување дали ситуацијата е поврзана со нивната претходна расправија, холандскиот возач одговарал кусо и без дополнителни објаснувања. На крајот директно му порачал да излезе од просторијата, по што прес-конференцијата продолжила.

Тензијата меѓу двајцата датира од минатата сезона, по трката во Абу Даби, кога новинарот го прашал Верстапен за контроверзниот инцидент со Џорџ Расел на Големата награда на Шпанија. Тогаш, Верстапен беше казнет и загуби важни бодови, што се одрази на неговата позиција во генералниот пласман. И покрај победата во Абу Даби, Верстапен не успеа да ја освои титулата, која заврши кај Ландо Норис од тимот на Мекларен. Прашањето на Ричардс очигледно оставило силен впечаток кај Холанѓанецот, кој и по неколку месеци не ја заборавил ситуацијата.

По првите две трки во новата сезона, Верстапен се наоѓа на осмото место во генералниот пласман со осум освоени бодови.


 
 
 

Comments


bottom of page