„Версаче“ и „Фенди“ со заедничка модна ревија
На затворањето на Модната недела во Милано, креаторите на модните куќи „Версаче“ и „Фенди“, Донатела Версаче и Ким Џонс, се претставија со заедничката колекција „Фендаче“, во две одделни линии што се резултат на нивното долгогодишно пријателство и меѓусебна деловна соработка.
На ревијата учествуваа сите манекенски sзвезди: Џиџи Хадид, Емили Ратајковски, Лила Грејс Мос и Палома Елсесер, но сепак Кејт Мос, Амбер Валета и Наоми Кембел беа центар на шоуто, со долгите елегантни фустани со шлицови. Џонс им го додаде духот на уличната мода на луксузните модели на „Версаче“, во форма на пуф-јакни, а од друга страна, „Версаче“ ги збогати парчињата на „Фенди“ со светкави метални делови, во стилот на песната „Way 2 Sexy“.
Во првите редови на ревијата беа видени многу познати личности, како: Елизабет Харли, со синот Демијан, потоа Ајрис Ло, Вини Харлоу, Дуа Липа, Деми Мур… Ова модно уживање го објави самата Донатела Версаче, како втора по ред ревија на годинешниот настан, по колекцијата за пролет/лето 2022 година.
Comments