top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вернер го посочи Тухел како директен виновник за неговото заминување од Челси: Многу брзо заборави ш

Вернер го посочи Тухел како директен виновник за неговото заминување од Челси: Многу брзо заборави што направив

Тимо Вернер мина две сезони во Челси и реши повторно да се врати во Лајпциг, откако му стана јасно деак го загуби местото кај менаџерот, кој потоа заработи отказ на стартот на оваа кампања.

Вернер добиваше доста критики од јавноста и во првата сезона поради пропуштените шанси, но сите брзо го заборавија тоа откако тој и неговите соиграчи ја освоија титулата во Лигата на шампионите под водство на Томас Тухел.

Крилниот напаѓач во таа сезона играше на речиси секој меч и постојано влегуваше во гол шанси, но и покрај недоволната добра реализација, таа година беше нависитна успешна за него.

Наместо да продолжи во исто темпо, Вернер сериозно западна во втор план во втората сезона по доаѓањето на Ромелу Лукаку, а вината за тоа ја бара кај Тухел.

– Најголемиот проблем со Тухел беше тоа што стави пред мене напаѓач како Лукаку. Тоа го направи сезоната веднаш по освоената титула во Лигата на шампионите, сезона во која играв на речиси секој меч. Имав успех во Германија, успешна беше и првата сезона во Челси, постигнав гол против Реал Мадрид во полуфиналето и сезоната ја завршив со доста голови.

– Кога тоа ќе се заборави веднаш после тоа, навистина не е фер. Тоа е причината поради која морав да се вратам во Лајпциг, морав да си ја вратам страста за фудбалот и да уживам во играта. Престанав да уживам во Челси и затоа си отидов. Но, таков е фудбалот, понекогаш тренерот бира други играчи и мора да одите понатаму, – вели Вернер.


1 view

Comentarios


bottom of page