Верати го потврди новиот клуб на Донарума и го коментираше пеналот над Стерлинг
Updated: Jul 9, 2021
08.07.2021 Juli Cetvrtok
Марко Верати денеска бил дел од брифингот на италијанската репрезентација во пресрет на финалето на Европското првенство меѓу неговата селекција и Англија.
Играчот за врска на ПСЖ зборувал на разни теми, а индиректно ја потврди „јавната тајна“ дека Џиџио Донарума ќе се пресели во францускиот вицепрвак.
– Тој заслужува да биде дел од клуб чии амбиции се да ја освои Лигата на шампионите. Среќен сум што Донарума ќе ми биде нов соиграч и мислам дека многу ќе ни помогне, – изјавил Верати.
Италијанецот го коментирал и пеналот со кој Англија ја победи Данска во полуфиналето.
– Тоа беше великодушна одлука во корист на Англија. Јас не би го свирел тој пенал, а тоа беше гол со кој тие го добија натпреварот, – изјавил Донарума.
Comments