top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Венецуела постави Гинисов рекорд со најголем оркестар во светот

Венецуелскиот националeн состав оркестри на млади и деца – познат како „Ел система“ – го собори Гинисовиот рекорд за најголем оркестар во светот, објави во саботата владата во Каракас. Пред една недела 8.573 венецуелски музичари учествуваа во изведба на класична композиција, која траеше повеќе од пет минути, во обид да го соборат рекордот поставен од рускиот оркестар пред две години. Венецуелскиот министер за информации, Фреди Нанез, и рускиот амбасадор во Каракас, Сергеј Мелик-Багдасаров, им честитаа на музичарите во саботата во говор на државната телевизија. Експертката за Гинисовата книга на рекордите, Сузана Рејес, потврди дека венецуелските музичари успешно поставиле нов рекорд откога го извеле Marche slave („Словенски марш“) на Пјотр Илич Чајковски. Претседателот Николас Мадуро покажа сертификат на Гинисовата книга на рекордите, со кој се потврдува дека „Ел система“ со 8573 музичари во оркестарот го собори рекордот. Претходниот рекорд го држеше оркестар од Санкт Петербург со 8.097 музичари.


3 views

Comments


bottom of page