Венгер: Формата на Бензема открива интересна тенденција во фудбалот
05.05.2022 Maj Cetvrtok
Арсен Венгер вчера ги коментирал случувањата на дуелот Реал Мадрид-Манчестер Сити за телевизијата„беИН Спортс“, а посебно внимание му посветил на својот сонародник Карим Бензема.
Искусниот стручњак смета дека формата на напаѓачот на Реал Мадрид открива и интересна тенденција на европската фудбалска сцена.
– Карим е пример за фудбалска интелигенција и ефикасност. Се што прави на теренот изгледа толку едноставно, а истовремено е и многу паметно. Кога го гледам си помислувам дека и јас можам да го направам тоа што го прави на теренот.
– Гледаме нешто интересно во Европа, а тоа е дека највозрасните напаѓачи се најефикасни. Бензема, Левандовски кој има 33 години, па и Ибрахимовиќ кој има 40, не запираат со головите. Најдобрите напаѓачи во Европа имаат над 30 години и ги казнуваат сите грешки на одбраните, – рекол Венгер.
– Мислам дека Бензема пред да наполни 30 години имаше 2-3 килограми повеќе, сега веќе е вистински спортист и не случајно е меѓу најдобрите во светот, – смета Французинот.

Comments