Венгер им даде предност на два тима за пласман во финалето во Истанбул: Дефанзивно се постабилни
Арсен Венгер говореше за шансите на Арсенал да ја освои титулата во Премиер лигата, но како повикан да ги коментира случувањата во Лигата на шампионите, Французинот го испорача и своето мислење по добиените парови во полуфиналето. Легендарниот Арсен како експерт за „БеИН Спортс“ ја апострофираше фантастичната игра на Манчестер Сити против Баерн Минхен и во прв план ја стави добрата поставеност, а за разлика од обично, истакна дека е импресиониран и од добрата игра во одбрана на „граѓаните“. Токму поради тоа, Венгер смета дека Сити ќе има блага преднсот против Реал Мадрид во полуфиналето, а истото го смета и за Милан по перфектната одбрана која ја одигра против Наполи. – Во овој момент, ќе кажам дека им давам мала предност на Манчестер Сити и Милан. Го велам ова бидејќи тие се дефанзивно постабилни од Реал Мадрид и Интер. – Реал е Реал, но гледам дека е ранлив во одбрана, а исто така нема да игра и Милитао на првиот меч. Нема големи фаворити, Реал е тим кој може да постигне гол во секое време и навистина ќе биде доста отворено. Може да се пласира било кој од четирите тима, но мала предност им давам на Сити и Милан, – изјави Венгер.
Comments