Вембанјама почна да доминира во НБА лигата и ги воодушеви фановите на Сан Антонио
Подготовките за новата сезона во НБА лигата веќе стартуваа и Сан Антонио рано утрово го одигра вториот натпревар, на кој ја забележа и првата победа со новата ѕвезда во тимот.
„Спарси“ беа подобри од Мајами со 120:104 и изгледаат на тим кој доста ветува, особено ако Виктор Вембанјама продолжи да напредува како тоа што го прави на овој старт.
По 20-те поени кои ги постигна против Оклахома, младиот Французин доминираше во рекетот и на натпреварот против „жешките“, на кој презентираше разновидна игра и извонредно движење.
Вембанјама постигна 23 поени за 23 минути минати на паркетот и го привлече вниманието со своите потези, па фановите уште отсега се уверени дека Грег Попович доби играч врз кој ќе може да изгради нова династија.
Покрај поените, Вембанјама придодаде и со 4 скокови и 4 асистенции, а имаше добар учинок и во играта во одбрана.

Commenti