Велковски и Костески во еден глас: Долго сме во овој проект и знаеме како функционира, мораме да бидеме подобри
- Aleksandar Santovski
- Aug 8
- 2 min read
07.08.2026 Avgust Petok
Екипата на Алкалоид веќе десетина дена е во тренажен процес со тоа што сега новата фаза од подготовките ја извршува во Маврово.
Тука клубот од Автокоманда ќе ја подобрува физичката подготвеност за сезоната во која престојат предизвици во Суперлигата, Купот на Македонија и ЕХФ Европскиот Куп, плус регионалната лига.
Никола Костески и Мартин Велковски се двајца искусни играчи кои подолго време се во клубот и добро знаат ќе се бара во оваа фаза од подготовките кои се клучни за остварување на целите.
-Најбитно е што се вратив по долга пауза, тоа беше сериозна повреда. Но, мило ми е што сега сум од почеток на подготовките здрав и спремен за тренинзи. Тоа е најбитното, сите да сме здрави и да сме комплетни.
-Во текот на летниот период имавме програма, предподготвителен период за да можеме да стартуваме со ритамот во подготовките. Работиме во убава атмосфера. Во прв план сега ни е кондицискиот дел и подготовката на тактиката. Задоволни сме сите, имаме добар ростер… Се знаеме добро со Борозан и Цехте, Сухолежник ни е нов, но добро се вклопува. Долго сме во овој проект и знаеме како функционира. Професионалци се сите, си ги знаат задачите. Овде имаме добри услови, температурата е одлична за работа, тренерот ги постави целите за овој дел од подготовките и сите си ја работиме нашата работа“, изјави Никола Костески за веб сајтот на клубот.
-Пред сѐ на сите сакам да им посакам добро здравје и добро да ги одработиме овие подготовки. Почнавме интензивно да тренираме уште во Скопје, сега се префрливме на Маврово. Имаме нови играчи што донесоа нова енергија. Атмосферата е добра. Оваа сезона мора да бидеме подобри од минатата. Дојдоа добри засилувања, покриени сме на сите позиции и сега треба само да работиме да не следи здравјето и заеднички да почнеме како што треба.Овде имаме добри услови за работа, од секој аспект. Добро сместување, одлични временски услови, имаме сѐ што ни треба за квалитетно да се подготвиме, -порача пак Велковски.






Comments