Величествени објекти на африканската архитектура
Египетските пирамиди се познати низ целиот свет, но голем дел од африканската архитектура останува непознат, а архитектите Адил Далбаи и Ливингстон Мукаса сакаат да го променат тоа. Тие се дел од тимот што неодамна објави Архитектонски водич за супсахарска Африка. Нивната детална студија опфаќа објекти од претходните периоди, колонијалниот период – како неодамна обновената железничка станица изградена во главниот град на Сенегал, Дакар, во 1910 година, до помодерните ремек-дела.
Гробницата Касуби од 1882 година во Уганда Ова е кралски комплекс во Касуби, кој опфаќа повеќе хектари земјоделско земјиште во главниот град на Уганда и каде што се наоѓа гробницата на монархот на Кралството Буганда. Изграден е претежно од дрво и други органски материјали. Внатрешноста е дизајнирана да ја реплицира светата шума и има 52 кружни прстени што го претставуваат секој од 52 клана на Буганда. – Беше зачудувачки, не само неговата величина туку целата големина на објектот. Изграден е кон крајот на 19 век пред воведувањето на модерните материјали, користејќи традиционални вековни методи – вели тој.
Трговскиот центар „Лидета“ во Етиопија Овој трговски центар е изграден во 2017 година во главниот град на Етиопија. Дизајнот вклучува перфорирана фасада, која го контролира протокот на природна светлина и вентилација внатре во неа. Покрај тоа, врежаната шема што ја краси светлечката бела фасада на зградата е имитација на традиционалната етиопска ткаенина.
Комплексот „Хикма“ во Нигер Основачката на архитектонското студио „Ателје Масоми“, Маријам Камара, соработуваше со Јасеман Есмаили од студиото „Чахар“ за реконструкција на поранешната џамија „Хауса“, која се урна, додавајќи социјален простор и библиотека. Проектот е особено импресивен поради беспрекорната комбинација на старото и новото. – Тоа е очигледно модерна зграда што е длабоко вкоренета во нигериската традиција. Не само во културна туку и во техничка смисла, бидејќи се потпира на старите традиционални техники и материјали за градба – вели Камара.
Центарот „Маропенг“ во Јужна Африка Центарот „Маропенг“ во Јужна Африка познат како Лулка на светското наследство на човештвото е најсовремен центар дизајниран да им помогне на луѓето да научат за раниот развој на модерниот човек. Самата зграда потсетува на гробница што се издига од земјата во дизајн што изгледа навистина интегриран со природата.
Пирамидите во Меро, Судан Најстариот запис во архитектонскиот водич се овие скалести пирамиди, кои датираат од 3.000 години пред нашата ера и се наоѓаат на околу 200 километри од главниот град на Судан. Ова место, кое се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, некогаш било главен град на античката империја Кушити, а ископувањата откриле остатоци од палати, храмови и кралски бањи. Овие пирамиди се изградени од блокови од песочник, додека во внатрешноста се врежани сложени релјефи.
Куќата Басото во Лесото Куќата Басото е изградена од земјена тула и гипс, и е насликана во традиционалните бои на црвен окер за да ја симболизира крвта на плодноста и жртвувањето, бела за да претставува чистота и мир, и црна за да се однесува на предците и ветувањето дожд симболизирано со облаци. – Отсекогаш ми било интересно кога луѓето го користат она што е околу нив за да претворат рудиментирана структура во дело на уметност – вели Мукаса.
Библиотеката „Кенет Дајк“ о Нигерија Зградата е дизајнирана од Максвел Фрај и од Џејн Дру, кои биле пионери на модерното движење во Англија. Библиотеката е дел од кампусот на Универзитетот во Ибадан, а основана е од британските колонијални власти во 1948 година. Таа стана влијателен модел за архитектура чувствителна на климата.
Големата џамија „Џене“ во Мали Секоја година, жителите на градот заеднички ја префарбуваат џамијата за време на еднодневниот настан познат како Малтерисување на големата џамија.
Големата џамија во Бенин Оваа џамија во главниот град на Бенин е впечатлив пример за афро-бразилска архитектура изградена во стилот на црквите од 17 и 18 век во североисточната бразилска држава Баија. Светложолтите, кафеавите, зелените и сините згради потсетуваат на традиционалната архитектура на Баија. По должината на брегот на Западна Африка, таа е една од многуте афро-бразилски џамии изградени во почетокот на 20 век од потомци повратници на ослободените робови.
Истражувачкиот центар „Мапунгубве“ во Јужна Африка Сместен во карпест пејзаж во рамките на националниот парк Мапунгубве, за овој центар јужноафриканскиот архитект Петер Рич ја освои наградата Градба на годината во 2009 година на Светскиот фестивал за архитектура. Познатиот дизајн е изграден со употреба на долго заборавена техника со сводови, која ѕидарите од Северна Африка ја донеле во Каталонија и е користена од архитектот Антони Гауди.
Comments