top of page

Велигден не трае три дена – трае цел живот!

11.04.2026 April Sabota

Велигденската порака не е повик на емоција, туку на одлука. Верата како доверба, трпението како мир и љубовта како природен израз – тоа, според архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, е патот што човекот треба свесно да го избере.

Во време кога неизвесноста станува секојдневие, а човекот сè почесто останува сам со сопствените грижи и стравови, пораката на Воскресението повторно се враќа како јасен духовен ориентир. Во велигденското интервју за „Слободен печат“, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан потсетува дека радоста од Христовото воскресение не е само празничен момент, туку е суштинска промена во разбирањето на животот – победа над смртта и повик за ново постоење.


 
 
 

Comments


bottom of page