top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Велес Виа Градско“ – изложба на академскиот сликар Спасе Перовски

18.12.2020 Декември Петок

Самостојна ликовна изложба на академскиот уметник Спасе Перовски е поместена во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Градско – 16 Декември.

Оваа е негова 11 самостојна изложба, на која се претставени 15 слики масло на платно и комбинирани техники во различни димензии, изработени во неговиот ран творечки опус, од 2000 до 2008 година.

„Изложбата насловена ‘Велес Виа Градско’ е симбилочна, како селење од Велес кон Градско“, вели авторот Спасе Перовски, кој последниве години работи и секој ден патува на релација Велес- Градско – Стоби, каде е и директор на НУ „Стоби“.

На изложбата може да се издвојат две групи дела од неговиот творечки опус. Првата група е од изложбата „Истражување на духот“, а другите дела се од изложбата „Круг“. Двете изложби веќе беа презентрани на јавноста, едната во 2000 и втората во 2008 година. Тие опфаќаат мал ретроспективен опус на творештвото на Перовски.

„Изложбата ‘Истражување на духот’ е составена од форми кои имаат врски со православието како христијански елемент, пред се симболични за да има дирекна врска со христијанството и во принцип тие произлегуваат од православното христијанство. Додека втората изложба ‘Круг’ го опфаќа самиот круг како симбол, но има и две работи кои го произведуваат кругот. Едната се вика атракции и репулсија – малата графика и другата е истражување на форма преку два пресеци, пресек на круг практично не на два туку на четири круга. Значи она што се случува помеѓу нив е визуелна тема на тоа дело“, додава Перовски.


0 views

Comments


bottom of page