top of page

Веднаш стана миленик на навивачите: Миовски доби песна од фановите на Абердин

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски одлично се снајде во Абердин, а со своите партии експресно ги освои и навивачите на славниот шкотски клуб.

Миовски има пет гола на шест средби во првата лига и еден погодок на два натпревари во Лига Купот, односно со ова ги купи фановите на Абердин кои имаа специјална песна за Македонецот.

-Ако барате напаѓач, одговорот е бројот 9, Бојан Миовски…, – е дел од песната на фановите.


 
 
 

Comentarios


bottom of page