Вегхорст објасни зошто го допрел знакот на „Енфилд Роуд“ (Фото)
Вут Вегхорст се најде на сериозен удар од страна на навивачите на Манчестер Јунајтед ова попладне, откако на социјалните мрежи се појави видео од подтрибинскиот простор кое открива дека напаѓачот го допрел знакот „Ова е Енфилд“.
Грбот кој е знак и синоним за фудаблското здание на „црвените“ обично го допираат само играчите на Ливерпул, а потегот на Вегхорст предизвика дополнителен револт поради ужасното издание кое го имаше како и целиот тим.
По низата навредувачки пораки, со соопштение на социјалните мрежи се јави и самиот Вут, кој открива дека единствена цел му била да го испровоцира националниот колега, Ван Дајк.
– Во нормални услови, јас не реагирам на пишувањата на медиумите, но овојпат вреди бидејќи фантастичните навивачи на Манчестер Јунајтед се многу важни за мене. Сакам да го разјаснам видеото кое кружи. Од националниот тим, знам дека Вирџил секогаш до допира знакот и се обидов да го спречам да го направи тоа и да го налутам пред мечот.
– Како дете, јас секогаш го поддржував Твенте, а сега како игра на Манчестер Јунајтед, единствено сум посветен на овој неверојатен клуб. Недела беше ужасен ден за сите нас, но сега правиме се за ад се подобриме наредните недели. Ќе се вратиме заедно и ќе ги оствариме целите кои ги имаме сезонава, – порача Вегхорст.
Comments