top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајналдум почна да се кае за преселбата во Париз: Многу е тешко, не сум среќен во ПСЖ

Холандскиот репрезентативец Џини Вајналдум по крајот на минатата сезона ја заврши соработката со Ливерпул, односно договорот му истече и како слободен агент можеше да ја избере новата средина.

Тој долго време се поврзуваше со Барселона и се чинеше дека сигурно ќе заврши на „Камп Ноу“, но тој на крајот се предомисли и одлучи да го прифати повикот, предизвикот од францускиот вицешампион Пари Сен Жермен.

Меѓутоа иако поминаа само неколку месеци тој веќе почна да го израдува своето незадоволство и отворено призна дека во моментов не е комплетно среќен на „Паркот на принцовите“.

-Не можам да кажам дека сум целосно среќен. Ситуацијата не е онаква каква што сакав. Играв многу во последниве години, секогаш бев фит и добро си ја вршев работата. Ова е нешто различно и потребно е да се навикнеш. Навистина се радував на новиот чекор и тогаш ова се случува. Многу е тешко.

-Ова е фудбал и ќе мора да научам да се справувам со тоа. Јас сум борец. Морам да останам позитивен и да работам напорно за да тоа го сменам, -вели Холанѓанецот кој има тежок почеток на новата приказна во кариерата и на вкупно 11 натпревари нема забележано ниту гол ниту асистенција.


1 view

Comments


bottom of page