top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајли со Сарагоса ќе игра за титулата во ЛШ

09.04.2021 April Petok

КОШАРКА

Познати се сите осум клуба-учесници на завршниот кошаркарски турнир од европската Лига на шампионите (ЛШ) на Светската кошаркарска федерација (ФИБА). На турнирот за титулата ќе игра и Стразбур од Франција, а на пехарот ќе атакува и шпанската екипа Сарагоса, во чии редови игра и македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли. На т.н. фајналејт-турнир ќе играат и победникот од минатата сезона, Сан Пабло Бургос (Шпанија), потоа Нимбурк (Чешка), Хапоел Холон (Израел), Тенерифе (Шпанија), Нижњи Новгород (Русија) и Каршијака (Турција). Четвртфиналните средби треба да се играат на 5 и на 6 мај, полуфиналните на 7 мај, а мечот за третото место и големото финале се предвидени за 9 мај. Се очекува наскоро ФИБА да го објави и градот домаќин на овој турнир во Лигата на шампионите, како и комплетниот распоред на сите натпревари.


1 view

Comments


bottom of page