top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајли не се вратил во Подгорица по настапот со Македонија, Будуќност го суспендираше

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли е суспендиран од својот клуб Будуќност, а причината за тоа е непојавувањето во Подгорица по настапот за Македонија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Вајли не се појавил на тренинзите на Будуќност и без дозвола од клубот тргнал да решава личен/семеен проблем.

-Будуќност ја информира јавноста дека Џејкоб Вајли по настапот за репрезентацијата на Македонија не се појави на тренинг и самоиницијативно ја напушти Подгорица. Агентот на играчот го извести клубот дека причината за заминувањето е решавање на личен/семеен проблем. Клубот го суспендираше играчот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори, -се вели во соопштението на тимот од Црна Гора.


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page