top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајли го потврди трансферот: Полека станувам Балканец и сум се поблиску до Македонија

02.07.2021 Juli Petok

Александар Џикиќ го презема тимот на Будуќност пред извесно време, а покрај поранешниот македонски селектор, дел од црногорскиот состав денеска станува и новопечениот репрезентативец.

Џејкоб Вајли беше огромно засилување за македонскиот тим на квалификацискиот турнир во Талин, а по својата авантура во Шпанија, сега продолжува во Црна Гора.

Трансферот го најавија црногорските медиуми, но сега истиот го потврди и самиот македонски репрезентативец во изјава за веб сајтот на Федерацијата.

– Да, можам да кажам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија. Ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Видете, полека но сигурно станувам Балканец. Ми се допаѓа тоа, – вели Вајли кој ја потврди преселбата во Подгорица по полусезоната која ја мина во Сарагоса.

Парите се во ред, но во Будуќност доаѓам затоа што важи за доста славен клуб на овие простори. Но и за можноста да играм во Европските купови, во се посилната Јадранска лига, но и за тренерот Александар Џикиќ за кој добив само пофални зборови. Меѓу другото, и дека бил селектор на Македонија. Се надевам дека тоа ќе биде добра и добитна комбинација во сезоната која следува, – додава Вајли.


2 views

Comments


bottom of page