top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајда: Не можеш да му кажеш на Ѓоковиќ „смири се“ или „биди фин“

Updated: Jul 19, 2021

16.07.2021 Juli Petok

Маријан Вајда е еден од луѓето кои се најзаслужни за успесите на Новак Ѓоковиќ во неговата кариера. Словакот долги години соработува со Ѓоковиќ, има поминато многу работи со него, има доживеано успеси, разочарувања, сетоа она што е дел од спортот.

Вајда многу добро го познава српскиот рекет кој според него најдобро функционира под притисок, притисок кој дефинитивно постои со оглед на тоа што Ноле е меѓу најдобрите на светот и постојано од него се бараат врвни резултати.

-Тренинзите ги прилагодуваме на следниот противник, но суштината е во менталниот пристап, да бидеме подготвени. Не сакате да загубите и тоа е притисокот, но ако некој може да се носи со тоа, тоа е Новак. Овој однос со притисок е невообичаен. Понекогаш Новак си прави премногу притисок врз себе, но ако не вршеше притисок врз себе, никогаш нема да станеше шампион каков што е.

-Кога ситуацијата е таква, не можете да му кажете„ смири се “ или „биди фин“, затоа што знаете дека пука од енергија и тоа е позитивно. На некој начин, притисокот е добар, го вади најдоброто од една личност, -вели Вајда кој е задовен и од Горан Иванишевиќ кој исто така е дел од тимот на најдобриот тенисер на светот.

-Како прво Горан беше одличен избор за тренер. Нашиот менталитет е сличен, сè кликна од првиот ден. Горан е многу директен во комуникацијата, тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај него – тој не извртува ништо, кажува како што е. Горан веднаш се вклопи добро и Новак беше задоволен од тимот.

-Кога зборуваме за менталитет, поентата е дека никогаш не забораваме од каде сме и дека секогаш го цениме секој момент во нашите животи што не доведе до точката каде што сме сега. Ние сме храбри луѓе, а тенисот е голема борба. Исто така, Балканците се талентирани во спортот и го играат тоа со срце – само погледнете во кошарка, одбојка, фудбал … Со еден збор, тие сакаат да се натпреваруваат и да имаат големо срце кога се најважните моменти. Исто така, постои специфична гордост кога станува збор за Балканот, тоа може да се види во реченицата на Горан, -вели словачкиот стручњак за „Спорт Клуб“.


2 views

Comentários


bottom of page