top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вајда конечно откри зошто се раздели со Ѓоковиќ: Новак има смртоносна комбинација

Марјан Вајда на почетокот на минатата година ја заврши соработката со Новак Ѓоковиќ и веќе извесно време работи со Алекс Молчан, а учеството на неговиот пулен во Буенос Аирес се покажало како добра прилика да направи интеврју со „Оле“. Легендарниот тениски работник од Словачка изминатите 12 месеци доста често ги избегнуваше прашањата поврзани за неговата разделба со најдобриот светски тенисер, но по освената титула во Австралија, реши да ја открие вистинската причина за прекинот на долгогодишната соработка. – Се уште сум во одлични односи со Новак. Нашата соработка беше прекината само поради професионални причини. Ние минавме 15 години заедно, но тој потоа реши да игра на помал број на турнири, а Горан да биде број еден. Беше навистина емотивно и тешко и за двајцата, но животот оди понатаму. Новак продолжува понатаму, а исто и јас. – На Австралија Опен видов негово големо олеснување после она што му се случи пред една година. После емоциите кои ги доживеа, посакав да бидам со него. Ми недостасуваат тие моменти, – вели Вајда, кој вели дека Новак е комбинација од Федерер и Надал.

– Новак го има талентот на Федерер и упорноста на Надал. Секој има свој карактер, но Новак е мешавина од едниот и другиот. Има комплетна игра како Федерер, а упорност како Надал, таа комбинација е смртоносна, – заклучува Вајда.


1 view

Comments


bottom of page